• петок, 05 декември 2025

Приведено 33-годишно лице за превезување стока без документација

Приведено 33-годишно лице за превезување стока без документација

Скопје, 1 август 2025 (МИА) - Триесет и тригодишно лице во текот на вчерашниот ден било лишено од слобода поради превезување стока без документација, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Околу 17:30 часот, полициски службеници од СВР-Скопје - Полициско одделение-Мирковци го лишија од слобода В.Р. од село Танушевци, скопско. При вршење на мотопатролна дејност, во село Кучевиште, скопско, полициските службеници запреле товарно возило „цитроен“ со скопски регистарски таблички, управувано од В.Р. и при преглед на возилото, констатирано е дека во него превезувал стока за што не поседувал никаква документација, појаснија од МВР.

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. бд/са/

Фото: „Фејсбук“-страница на Министерството за внатрешни работи

Остани поврзан