Приведено 30-годишно лице од Струмица, кај него пронајдени предмети од дело „тешка кражба“
- При преглед, кај него биле пронајдени предмети што потекнуваат од тешка кражба во возило, извршена на подрачје на Струмица, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
Скопје, 27 мај 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Струмица, синоќа во 23.30 часот го лишиле од слобода струмичанецот Н.Р., на возраст од 30 години. При преглед, кај него биле пронајдени предмети што потекнуваат од тешка кражба во возило, извршена на подрачје на Струмица, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
Лицето е задржано во полициска станица Струмица.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. бд/aa/
Фото: Архива