• среда, 25 декември 2024

Приведено лице од Струмичко за издржување двегодишна затворска казна

Приведено лице од Струмичко за издржување двегодишна затворска казна
Скопје, 7 октомври 2022 (МИА) - На бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје денеска во 14.15 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.З.(30) од струмичкото село Василево. Тој бил баран по распишана централна потерница по наредба од Основен суд Струмица за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик. Како што информираа од МВР, лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната. цр/ац/

Остани поврзан