• среда, 27 ноември 2024

Приведено лице од Струмица осудено на тригодишна затворска казна

Приведено лице од Струмица осудено на тригодишна затворска казна

Скопје, 11 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 14:30 часот на ул.„Манапо“ во Скопје го лишиле од слобода И.М.(49) од Скопје, со живеалиште во Струмица, осуден на казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик и баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Штип поради бегство.  

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за издржување на казната, информираат од полицијата. ев/

Остани поврзан