• недела, 16 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведено лице од Пробиштип поради управување возило под дејство на алкохол

Приведено лице од Пробиштип поради управување возило под дејство на алкохол

Скопје, 15 март 2025 (МИА) - Полициски службеници денеска во 01.55 часот на магистаралниот пат Штип - Кочани, кај село Долни Балван, општина Карбинци, го лишиле од слобода И.Д. (21) од Пробиштип, поради управување возило под дејство на алкохол.

-При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, се вели во соопштението од МВР. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан