• недела, 24 ноември 2024

Приведено лице од Октиси за издржување двегодишна казна затвор

Приведено лице од Октиси за издржување двегодишна казна затвор

Скопје, 3 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициското одделение во струшкото село Велешта го лишиле од слобода М.Д. (48) од селото Октиси, соопшти МВР.

Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основниот суд - Струга за издржување затворска казна од две години.

Според МВР, лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната. мч/сп/

Остани поврзан