Приведено лице барано со потерница, осомничено за насилство врз навивачите на ФК Левски од Софија
- На граничниот премин Ќафасан, денеска околу 08.20 часот при влез во РСМ, лишен е од слобода А.Д. (21) од Скопје.
Скопје, 14 октомври 2023 (МИА) - На граничниот премин Ќафасан, денеска околу 08.20 часот при влез во РСМ, лишен е од слобода А.Д. (21) од Скопје.
Како што информираа од МВР, тој бил баран со потерница поради основи на сомнение за сторено кривично дело насилство на 27.07.2023 извршено на ул.„Цветан Димов" во Скопје врз навивачи на ФК Левски од Софија.
По целосно документирање на случајот до ОЈО Скопје ќе биде поднесен соодветен поднесок. цр/
Фото:МИА архива