Приведено лице барано со потерница
- Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 13:00 часот на крстосницата на улиците „Маршал Тито“ и „Јане Сандански“ во Тетово, го привеле 44-годишниот тетовец Н.С..

Скопје, 25 ноември 2022 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 13:00 часот на крстосницата на улиците „Маршал Тито“ и „Јане Сандански“ во Тетово, го привеле 44-годишниот тетовец Н.С..
Како што информираат денеска од МВР, Н.С. бил баран со потерница по судска наредба за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Тетово. Тетовецот бил спроведен во установата за издржување на казната. дма/ац/