Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот
- Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, вчера во 22:00 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, го лишиле од слобода скопјанецот А.Л.(22).

Скопје, 31 август 2022 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, вчера во 22:00 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, го лишиле од слобода скопјанецот А.Л.(22).
-Тој се сомничи дека на 24.08.2022 на место викано „Шамак“ под Зајчев рид со употреба на алат одзел предмет, сопственост на Т.Т.(45) од Скопје. Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. дма/