Приведен крадец во Прилеп
- Полициски службеници од СВР Битола - ОВР Прилеп вчера во близина на поштата во Прилеп лишиле од слобода малолетник од Битола при вршење на кражба на мотоцикл.

Скопје, 9 септември 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола - ОВР Прилеп вчера во близина на поштата во Прилеп лишиле од слобода малолетник од Битола при вршење на кражба на мотоцикл.
Како што информираат од МВР, сторителот е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава,а украденото е вратено на сопственикот. сст/нд/