• сабота, 27 јули 2024

Приведени шест лица, затекнати како питачат на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје

Приведени шест лица, затекнати како питачат на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје

Скопје, 18 јуни 2024 (МИА) - По преземени мерки за сузбивање на питачење на подрачјето на Центар и Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Центар привеле шест лица од Скопје, кои биле затекнати како питачат на булеварот „Гоце Делчев“.

- Денеска во периодот од 11.00 до 12.00 часот, по преземени мерки за сузбивање на питачење на подрачјето на Центар и Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Центар ги привеле Д.Ј.(24), Р.Ј.(22), Ф.Ј.(39), Б.Б.(35), А.А.(31) и З.Д.(31), сите од Скопје, кои биле затекнати како питачат на бул.„Гоце Делчев“, информираат од МВР.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. аа/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан