• вторник, 24 декември 2024

Приведени четири лица на забава на Бабуна кај Велес

Приведени четири лица на забава на Бабуна кај Велес

Велес, 25 август 2024 (МИА) -  Приведени се четири лица на забава на мсто викано кај реката Бабуна во близина на Велес откако при преглед полицијата кај нив пронашла и одзела кафена прашкаста зелена тревкаста материја.

- Во периодот од 22.25 часот на 24.08. до 01.30 часот на синоќа по полноќ  за време на  одржување на забава  на место викано кај реката Бабуна, во близина на Велес. полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес ги лишиле од слобода 40 годишниот Ј.А. од Лозово, 32 годишниот А.Т. од Штип, 32 годишниот Т.М.  од Скопје и 37 годишниот Х.П. од Скопје., информираат денеска од СВР Велес.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, најавија од СВР Велес. ад/лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан