• среда, 25 декември 2024

Приведени четворица крадци на возило од Гостиварско, украденото вратено на сопственикот

Приведени четворица крадци на возило од Гостиварско, украденото вратено на сопственикот
Скопје, 24 јануари 2022 (МИА) - Полициски службеници лишиле од слобода четири лица од гостиварското село Врапчиште, кои се сомничат дека противправно одзеле патничко возило „Цитроен Берлинго“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
- На 23.01.2022 околу 16:10 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Ш.М.(21), В.У.(22). Ш.М.(21) и Ф.А.(22), сите од гостиварско Врапчиште. Тие се сомничат дека претходно противправно одзеле патничко возило „Цитроен Берлинго“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Н.И.(43) од тетовска Голема Речица. Половина час пред тоа, возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, посочуваат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесен соодветен поднесок. фф/сп/

Остани поврзан