Приведени три лица осомничени за предизвикување на пожарот над скопско Страхојадица
- Полицијата од СВР Скопје, денеска лишила од слобода три лица поради основано сомнение дека го предизвикале пожарот за кој утрово во 05.28 часот било пријавено дека настанал над село Страхојад

Скопје, 7 август 2021 (МИА) - Полицијата од СВР Скопје, денеска лишила од слобода три лица поради основано сомнение дека го предизвикале пожарот за кој утрово во 05:28 часот било пријавено дека настанал над село Страхојадица, скопско, при што била опожарена сува трева и нискостеблеста шума.
Како што информираат од Министерството за внатрешни рабти, полициските службеници на местото од каде започнал пожарот затекнале две возила и лица кои се обиделе да избегаат, но, биле фатени, а во непосредна близина на возилата биле пронајдени остатоци од стопени кабли.
Од МВР велат дека лицата се приведени и се работи на расчистување на случајот, а пожарот бил локализиран од полициските службеници. ар/вј/