• петок, 08 ноември 2024

Приведени три лица во Велешко, запленето оружје

Приведени три лица во Велешко, запленето оружје

Скопје, 22 септември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес вчера во 16.00 часот, ги лишиле од слобода П.П.(51) од село Плевење, општина Чашка и Т.С.(78) од село Теово, општина Чашка, а во 16.50 часот од слобода бил лишен и Н.Ш.(28) од Велес.

По преземени мерки, информираа од МВР, било дојдено до сознание дека П.П. поседува огнено оружје.

- Во службен разговор со него, П.П. изјавил дека поседува една пушка карабин која била во домот на Н.Ш., кој доброволно ја предал на полициските службеници заедно со неколку куршуми различен калибар. Додека, пак Т.С. на полициските службеници предал една ловечка пушка калибар 16и две воздушни пушки калибар 5,5мм и калибар 4,5мм. Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, појаснуваат од МВР. цр/

Фото:МИА архива

Остани поврзан