Приведени малолетнички кои краделе во Тетово
- Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 18:15 часот во трговски центар на улица „Маршал Тито“ во Тетово, привеле две малолетнички од Тетово и тетовско Селце.

Скопје, 7 јуни 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 18:15 часот во трговски центар на улица „Маршал Тито“ во Тетово, привеле две малолетнички од Тетово и тетовско Селце.
Како што информираат од МВР, малолетничките биле фатени при извршување кражба во продажен објект.
Украденото било вратено на сопственикот, а малолетничките биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/
Фото: МИА архива