• сабота, 23 ноември 2024

Приведени крадци во Скопје

Приведени крадци во Скопје

Скопје, 28 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вчера во Скопје ги лишиле од слобода скопјаните Н.М. (18) и М.М.(19), поради сомнение дека одзеле пари од спортска обложувалница на подрачјето на Кисела Вода.

- Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода, постапувајќи по пријава според која во 11:58 часот од спортска обложувалница на подрачјето на Кисела Вода биле одземени пари, презеле мерки и активности при што било констатирано дека за двете лица постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело, се наведува во соопштението од МВР.

Во координација со Јавен обвинител, лицата се задржани во Полициска станица Кисела Вода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен поднесок по член 235 од Кривичниот законик. дма/сп/

Фото:МИА архива

Остани поврзан