Приведени дилери на хероин на наплатната станица Сопот
- Полицијата денеска приведе две лица од Велес во чие возило пронашла две пакувања хероин. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

Скопје, 4 септември 2022 (МИА) - Полицијата денеска приведе две лица од Велес во чие возило пронашла две пакувања хероин. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава.
Како што соопшти МВР, полициски службеници од СВР Велес-Одделение за недозволена трговија со дрога и Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи денеска на наплатната станица Сопот, на автопатот „Пријателство“ запреа патничко моторно возило „рено лагуна“ со велешки регстерски ознаки, управувано од А.М. (37) од Велес, а како сопатник бил Д.С. (58) од Велес. При извршениот преглед во возилото биле пронајдени две пакувања хероин. Лицата се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по чл. 215 од КЗ, се наведува во соопштението од МВР. ев/лв/
