• вторник, 24 декември 2024

Приведени две лица во Скопје барани со потерница за издржување затворска казна

Приведени две лица во Скопје барани со потерница за издржување затворска казна

Скопје, 29 јуни 2024 (МИА) - Две лица барани со потерница за издржување затворска казна се приведени од страна на полицијата во текот на вчерашниот ден во Скопје.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода Ф.М. (27) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по чл. 247 ст. 2 од КЗ. 

Во вториот случај, полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишиле од слобода Г.С. (30) од Скопје, кој бил баран со потерница исто така по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по чл.235 од КЗ.

Лицата ќе бидат предадени на надлежна казнено поправна установа, наведуваат од МВР. вг/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан