• недела, 28 јули 2024

Приведени две лица во Миравци, во возилото пронајдени петмина мигранти

Приведени две лица во Миравци, во возилото пронајдени петмина мигранти

Скопје, 14 септември 2023 ( МИА) -  На автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на клучка Миравци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ, синоќа ги лишиле од слобода Б.Ј.(30) и Б.З.(26), двајцата од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. 

Како што соопшти денеска МВР,  тие биле забележани со патнички возила „фолксваген голф“ и „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, а кај клучка Миравци, возилата била запрени и при преглед во возилото „голф“, кое го управувал Б.Ј., биле пронајдени пет лица мигранти (четири од Сирија и еден од Авганистан).

Мигрантите биле сместени во прифатни центри во Скопје и Гевгелија, а лицата биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави, додава МВР. љм/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан