• петок, 05 декември 2025

Приведени двајца пробиштипјани по претрес во нивниот дом

Приведени двајца пробиштипјани по претрес во нивниот дом

Скопје, 24 јуни 2025 (МИА) - Двајца пробиштипјани синоќа биле приведени по претрес во нивниот дом, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Во 19:50 часот во градот, полициски службеници ги лишиле од слобода Ј.Ј. и П.Ј., на возраст од 39 и 68 години.

- При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, куршуми со калибар 7,62 милиметри и други предмети за што постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, се појаснува во соопштението.

По целосно документирање на случајот, како што се додава, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан