• понеделник, 23 декември 2024

Приведени двајца Прилепчани за нелегално поседување пиштоли

Приведени двајца Прилепчани за нелегално поседување пиштоли

Скопје, 18 март 2023 (МИА) - На 17.03.2023 во Прилеп полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.С.(23) и Р.Р.(23), двајцата од Прилеп, кај кои при претрес било пронајдено оружје. 

МВР соопшти дека при претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, кај А.С. биле пронајдени и одземени пиштол „екол туна“ модел 635 и рачка со калибар 8 мм, една рамка со куршум калибар 8 мм, додека кај Р.Р.  биле пронајдени и одземени пиштол „сигсауер“ калибар 9 мм со рамка без муниција, пиштол „екол фират“ калибар 9 мм со една рамка во која имало маневарски куршум 9 мм, пиштол „валтро“ модел 85 компакт, ловна пушка со чаркови, со скратен кундак и цевки, 30 куршуми калибар 9 мм и 10 парчиња ловен патрон 12 мм.

По комплетно документирање на случите против двете лица ќе биде поднесен соодветен поднесок. ев/ 

МИА Фото: Архива

Остани поврзан