Приведени двајца дрвокрадци во Виничко
- Полициски службеници од Полициската станица Виница вчера ги лишиле од слобода А.А.(28) и 17-годишен малолетник, двајцата од виничкото село Градец.
Скопје, 2 јуни 2022 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Виница вчера ги лишиле од слобода А.А.(28) и 17-годишен малолетник, двајцата од виничкото село Градец.
На излезот од село Градец, како што соопштија денеска од МВР, во 19:30 часот полициски службеници од ОВР Виница запреле патничко возило „опел фронтера“, без регистарски таблички, управувано од малолетникот, а сопатник бил А.А., кое било натоварено со огревно дрво без соодветна документација.
Полициски службеници го одзеле возилото со дрвната маса за понатамошна постапка. Запознаен е јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Виница и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. цр/дма/