• понеделник, 23 декември 2024

Приведена скопјанка за издржување затворска казна од две години и шест месеци

Приведена скопјанка за издржување затворска казна од две години и шест месеци

Скопје, 7 декември 2023 (МИА) -  Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги, денеска околу 1:30 часот на ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје, ја лишиле од слобода скопјанката С.Ц.(63).

Како што соопштија денеска од МВР, таа била барана по потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик.

Скопјанката била предадена во Полициската станица Центар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан