• вторник, 24 декември 2024

Претставување на муралот на заштитниот ѕид во близина на ХЕЦ Пена

Претставување на муралот на заштитниот ѕид во близина на ХЕЦ Пена

Скопје, 7 октомври 2024 (МИА) - Канцеларијата на УНДП во земјава денеска органзира претставување на муралот нацртан на заштитниот ѕид во близина на ХЕЦ Пена, на патот кон областа Бањиче, Тетовско.

Настанот е дел од серијата активности што ги организира УНДП по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи, 13-ти октомври.  

Муралот е нацртан на ѕид долг 120 метри што претходно е изработен за стабилизација на свлечиште на земјиште во рамки на проектот „Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион“, финансиран од Швајцарија, а го имплементира УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините во регионот.

Како што е најавено, на претставувањето на муралот ќе присуствуват: првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити; градоначалникот на Тетово, Биљал Касами и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан. мч/нд/

фото: УНДП

Остани поврзан