• среда, 25 декември 2024

Претставничкиот дом усвои закон за отстранување статуи од Капитол Хил

Претставничкиот дом усвои закон за отстранување статуи од Капитол Хил
Вашингтон, 23 јули 2020 (МИА) - Претставничкиот дом (Долниот дом на американскиот Конгрес), каде мнозинството го сочинуваат демократите, изгласа вчера закон за отстранување статуи на лидери на Конфедерацијата од Капитол Хил, пишува „Њујорк Пост“. Предлог законот, поднесен од претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, беше усвоен со 305 гласа „за“ и 113 „против“. Станува збор за најмалку 10 статуи, меѓу кои на генералот Роберт Е. Ли, Џеферсон Дејвис, претседател на државите на Конфедерацијата, и неговиот потпретседател Александар Стивенс, како и на поранешниот потпретседател Џон К. Калхун. Меѓу нив се наоѓаат и личности кои го поддржуваат ропството, а според демократите во Претставничкиот дом тие не ги претставуваат денешните американски вредности. Доколку законот биде усвоен и во Сенатот, кој е под контрола на републиканците, ќе треба да биде потпишан од американскиот претседател Доналд Трамп, кој веќе се спротивстави на отстранување на историските статуи. Тој во вторникот се закани дека ќе стави вето на законот. гт/

Остани поврзан