• сабота, 06 декември 2025

Претставници на свештената Бигорска Обител на одбележувањето на патронот на манастирот кај Елбасан, остварија средба со г.г. Јован 

Претставници на свештената Бигорска Обител на одбележувањето на патронот на манастирот кај Елбасан, остварија средба со г.г. Јован 

Дебар, 5 јуни 2025 (МИА) - Со благослов на епископ Антаниски г. Партениј, претставници на свештената Бигорска Обител присуствуваа на одбележувањето на патронот на манастирот „Свети Јован Владимир“ во селото Шиjон, кај албаскиот град Елбасан.

На одбележувањето на патронот, кое почна на 3 јуни со сеноќно бдение, а продолжи следниот ден со Божествена Литургија, на која чиноначалствуваше Архиепископот на Тирана и цела Албанија, г. г. Јован (Јоан), по традиција масовно присуствуваа верници од албанската, македонската, црногорската и српската православна црква. 

На богослужбите присуствуваа архимандритите Доситеј и Кирил, монахот Филип, од Бигорскиот манастир, како и сестрите Екатерина и Христина од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ од дебарското село Рајчица, кои со своето присуство донесоа благослов и духовна радост.

За прекрасното празнично коливо, украсено со ликот на Свети Јован Владимир, се погрижија сестрите од Рајчица - дело што е истовремено и послушание и уметност, и љубов и служење, затоа што секое зрно пченицата беше подготвено и украсено со молитва и љубов. Во оваа празнична светителска светлина, вознесовме и наша молитва кон Свети Јован Владимир – молитва за единство на православните, за обновување на љубовта меѓу браќата, за победа на Христовиот мир над раздорот и себичноста, информираа од Бигорскот манастир.

По Литургијата, била извршена торжествена литија околу светиот храм, со кивотот на моштите на Свети Јован Владимир, во која беа удостоени да учествуваат архимандритите Доситеј и Кирил, носејќи го „светиот кивот и чесните мошти – како сведоштво за живата врска со светиите, како благослов за верност и тивко исповедништво“.

-Непосредно потоа, Архиепископот Јован, со голема пастирска љубов, ги прими во официјален прием нашите отци и сестри, заедно со свештенството и бројни гости, меѓу кои и градоначалникот на Елбасан Гледијан Љатја – сите како едно соборно семејство во Христа, нагласуваат од манастирот.

Празникот на Свети Јован Владимир, како што објавија и албанските медиуми,  ги зближува луѓето од различни земји и народи, во прекрасен дух на братство и пријателство, кој ги надминува националните граници и етничките и културните бариери. вт/

Фото: Бигорски манастир

 

Остани поврзан