• петок, 05 декември 2025

Претставници на ОБСЕ дел од седницата на Локалниот совет за превенција во Берово

Претставници на ОБСЕ дел од седницата на Локалниот совет за превенција во Берово

Берово, 14 април 2025 (МИА) - Во посета на Локалниот совет за превенција во Берово, во рамки на 20-та седница, денеска учествуваа претставници од канцеларијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија. Како што информираа од Општината, ова е втора посета на претставници на ОБСЕ на Локалниот совет за превенција во Берово.

На седницата на Локалниот совет присуствуваа Алексеј Гавриш од Одделот за реформа на полицијата и Белим Зекири, асистент во Одделот за сигурност и подршка на заедници.

Во Општина Берово подолго време успешно функционира Локалниот совет за превенција, кој делува во насока на подобрување на квалитетот на живот во заедницата, со вмрежување на сите клучни субјекти.

-Локалниот совет за превенција  има за цел jакнење на полициската ефикасност, унапредување на безбедноста во заедницата и подигнување на нивото на сигурност на граѓаните, велат од Општина Берово. вс/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан