Претставници на МЈА на 10th CAF USERS EVENT во Полска: Размена на искуства за унапредување на јавната администрација
- Шефот на Кабинетот на министерот за јавна администрација, Маја Рисова Мутлулар, заедно со националните кореспонденти за управување со квалитет и CAF од Министерството за јавна администрација, присуствуваа на свечениот прием во Кабинетот на премиерот на Република Полска, по повод одржувањето на 10th CAF USERS EVENT, под покровителство на полското претседателство со Советот на Европската унија.

Варшава, 11 април 2025 (МИА) - Шефот на Кабинетот на министерот за јавна администрација, Маја Рисова Мутлулар, заедно со националните кореспонденти за управување со квалитет и CAF од Министерството за јавна администрација, присуствуваа на свечениот прием во Кабинетот на премиерот на Република Полска, по повод одржувањето на 10th CAF USERS EVENT, под покровителство на полското претседателство со Советот на Европската унија.
Настанот, како што соопшти МЈА, се одржа под мотото: „Паметно управување: Насочено кон граѓаните, водено од ефикасноста“, а претставуваше одличен почеток на значајна размена на искуства и добри практики за унапредување на јавната администрација ширум Европа.
Претставниците од Министерството за јавна администрација имаа и свое излагање на настанот, каде ги споделија македонските искуства и достигнувања во примената на CAF моделот, како и тековните активности за подобрување на квалитетот во јавната администрација. Тие активно учествуваа и на сесиите посветени на иновации, управување со перформанси и вклучување на граѓаните во процесите на јавните политики. дма/лв/
Фото: Кабинет на министер за јавна администрација