• петок, 08 ноември 2024

Претставени новите комбиња на ФИАТ - „улисе“ и „скудо“

Претставени новите комбиња на ФИАТ - „улисе“ и „скудо“
Торино, 8 јуни 2022 (МИА) - Автомобилско-инженерската компанија „Ирмшер“ ги претстави новите тјунирани верзии на патничкото комбе „улисе“ и комерцијалното комбе „скудо“ на ФИАТ. Промените почнуваат да се гледаат на предната страна, каде што „Ирмшер“ постави нова предна, „поагресивна“ маска, но сепак, без претерување. Дополнително, страничниот профил има проширени прагови, а двете комбиња добија и спојлер на покривот, предизајниран заден браник и избор меѓу два пакета црна графика. Достапен е и нов црн сет бандажи наречен „Хел стар“, што е достапен во три големини - 18, 19 и 20 инчи. „Ирмшер“ подготви и специјални пружини кои го спуштаат комбето до 30 мм, што го прави да изгледа „поспортско“. Двете возила се достапно со дизел и целосно електричен погон. Електрокомбињата наречени „е-улисе“ и „е-скудо“, а се напојуваат од електричен мотор кој испорачува 134 коњски сили и батерија од 50 и 75 киловат-часови. Можно е полнење до 100 киловати, што значи - потребни се околу 30 или 45 минути за полнење на батериите до 80 насто. си/сд/ https://www.youtube.com/watch?v=25qFxj3c3ak

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан