• четврток, 26 декември 2024

Претставена новата финска Влада

Претставена новата финска Влада

Хелсинки, 19 јуни 2023 (МИА) - Финската конзервативна Национална коалиција (НКП), која победи на парламентарните избори во април, ги претстави клучните позиции во новата Влада, која ќе ја предводи партискиот лидер Петри Орпо.

Според политичките аналитичари, тоа ќе биде најдесничарската влада од Втората светска војна.

По разговорите што траеја повеќе од седум недели, НКП во петокот објави дека постигнала договор со три партии за формирање на владејачка коалиција, во која ќе биде вклучена и екстремната десница, евроскептичната антиимиграциска Финска партија.

Новата Влада ќе има 19 министри, меѓу кои и актуелниот Петри Орпо, а Националната коалиција освои осум места, вклучувајќи ја и функцијата министер за надворешни работи.

Нов министер за надворешни работи ќе биде заменик претседателката на партијата Елина Валтонен, која е и потпретседател на Комисијата за надворешни работи во финскиот Парламент.

Според договорот, Партијата на Финците добива седум министерски позиции, вклучувајќи ги министерствата за финансии, за внатрешни работи и за правда. Останатите места во Владата ќе ги добијат малцинската Шведска народна партија и демохристијаните.

Четирите партии ќе имаат мнозинство од 108 пратеници во Парламентот што брои 200 членови.

Финскиот претседател Саули Нинисто се очекува да ги именува Орпо и неговата влада до среда, откако пратениците ќе изгласаат доверба на новиот мандатар. мс/сд/

фото: Твитер

Остани поврзан