• среда, 25 декември 2024

Драмски театар Скопје со претставата „Мојот маж“ на фестивалот РУТА во Хрватска

Драмски театар Скопје со претставата „Мојот маж“ на фестивалот РУТА во Хрватска

Скопје, 25 август 2023 ( МИА) - Драмскиот театар со претставата „Мојот маж“ на 30 август за првпат ќе гостува на летното издание на регионалниот фестивал РУТА во Хрватска, на Бриони во организација на Театарот Улисис.

Гостувањето на членките од Регионалната унија на театри се реализира со изведба на претстави во рамките на фестивалската програма на театарско-музички проект на тимот на познатиот актер Раде Шербеџија, уметничката директорка Ленка Удовички и директорот Душко Љуштина. На фестивалот настапуваат познати теататски куќи и музичари од десетина земји.

Како што посочуваат од Драмскиот театар, претставата „Мојот маж“ е колаж од расказите на Румена Бужаровска и авторски монолози, чиј режисер е Нела Витошевиќ и драматургот, Викторија Рангелова-Петровска. Костимограф на претставата е Роза Трајчевска – Ристоска, сценограф Костантин Трпеноски и асистент - сценограф е Моника Ангелевска.
Улогите ги толкуваат: Сара Климоска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Трајанка Илиева – Вељиќ, Игор Ангелов, Исмет Шабановиќ и Филип Трајковиќ.

Премиерата на „Мојот маж“, за првпат беше изведена  во февруари 2020 година, и досега има 26 изведби.
Есенското издание на фестивалот РУТА ќе се одржи во Скопје во организација на Драмски театар од 3 до 8 октомври. Македонската публика ќе има можност во ревијалнатафестивалска недела да проследи шест претстави од водечките театри во регионот, членки на регионалната унија на театри - РУТА. љм/бт/

Фото: Драмски театар - Скопје

Остани поврзан