• понеделник, 23 декември 2024

Претседателски и парламентарни избори во Руанда, се очекува победа на Кагаме

Претседателски и парламентарни избори во Руанда, се очекува победа на Кагаме

Кигали, 15 јули 2024 (МИА) - Во Руанда утрово се отворени избирачките места за претседателските и парламентарните избори.

На изборите се очекува да победи поранешниот претседател Пол Кагаме, лидер на Патриотскиот фронт на Руанда, чие вооружено крило стави крај на геноцидот врз Тутсите во 1994 година.

Во 7 часот по локално време беа отворени 2.433 избирачки места, а ќе се гласа до 15 часот.

Во Руанда се регистрирани околу девет милиони гласачи.

Првите резултати се очекуваат до 20 јули. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан