• недела, 01 септември 2024

Претседателот Пендаровски прими коледари во вилата „Билјана“ во Охрид

Претседателот Пендаровски прими коледари во вилата „Билјана“ во Охрид
Охрид, 6 јануари 2020 (МИА) – Претседателот на државата Стево Пендаровски, заедно со сопругата Елизабета и синот Огнен ги примија коледарите во претседателската вила „Билјана“ во Охрид. -Во пресрет на Божик, заедно со Бети и Огнен им бевме домаќини на децата – учесници на бадниковата поворка од Охрид кои не поздравија со коледарски песни, а со песната „Вечниот Бог“ го најавија христовото раѓање. На сите кои ги одбележуваат овие празници ви посакуваме пријатни мигови со вашите најблиски, спокојни и топли празнични денови, објави Пендаровски на својот фејсбук-профил. Станува збор за дел од децата-коледари кои беа дел од денешната Бадникова поворка, што по седми пат се одржа во Охрид. Како што беше претходно соопштено од Здружението „Бадникови поворки“ кое е организатор на манифестацијата, претседателот согласно православните обичаи на коледарите ги дарувал со божиќни пакетчиња за соопштувањето на радосната вест за Христовото раѓање. аб/вг/

Остани поврзан