• сабота, 21 декември 2024

Претседателот Пендаровски на лидерски дипломатски дијалог за Западен Балкан во Давос

Претседателот Пендаровски на лидерски дипломатски дијалог за Западен Балкан во Давос

Скопје, 25 мај 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски во рамки на Светскиот економски форум во Давос, денеска учествуваше на лидерската сесија „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, на кој се дискутираше за политичките и економските аспекти во земјите од Западен Балкан низ призма на новиот геополитички контекст во Европа.

-Во рамки на дискусијата лидерите од Западен Балкан се осврнаа на можностите за интензивирање на соработката на економски план, искористување на постоечките потенцијали, како и јакнење на политичкиот дијлог, меѓусебната доверба и меѓународното партнерство во насока на засилување на регионалната безбедност, соопшти кабинетот на претседателот Пендаровски. дма/са/

 

Остани поврзан