• сабота, 23 ноември 2024

Претседателот на Јужна Кореја ќе ги посети САД од 24 до 30 април

Претседателот на Јужна Кореја ќе ги посети САД од 24 до 30 април

Сеул, 20 април 2023 (МИА) - Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ќе ги посети САД од 24 до 30 април на средба на високо ниво со американскиот претседател Џо Бајден. 

Се очекува двајцата лидери да одржат самит и заедничка прес-конференција на 26 април, по што Јун ќе има говор пред американскиот Конгрес на 27 април, јавија јужнокорејските медиуми.

Посетата на Јун ќе биде прва државна посета на јужнокорејски лидер на САД од 2011 година, а исто така ќе послужи за одбележување на 70-годишнината од воспоставувањето на сојузничките односи меѓу двете држави. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан