• недела, 22 декември 2024

Претседателот на Турција сака дополнително да ја намали каматната стапка и покрај инфлацијата

Претседателот на Турција сака дополнително да ја намали каматната стапка и покрај инфлацијата
Анкара, 6 јуни 2022 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека сака повторно да ги намали каматните стапки откако инфлацијата во Турција во мај достигна 73,5 отсто на годишно ниво. -Никој да не го очекува тоа од нас. Оваа влада нема да ги зголеми каматните стапки. Напротив, ќе продолжиме да ги намалуваме, рече Ердоган на прес-конференција по владиниот состанок. Спротивно на традиционалните економски теории, турскиот претседател смета дека високите каматни стапки ја стимулираат инфлацијата. На крајот на 2021 година, Ердоган ја принуди централната банка да ја намали каматната стапка од 19 отсто на 14 отсто од септември и декември истата година, што предизвика колапс на националната валута. Инфлацијата во Турција во мај достигна 73,5 отсто на годишно ниво, што е најмногу од декември 1998 година, поттикната од растот на цените на енергенсите и храната, покажуваат неодамнешните официјални бројки. ссм/

Остани поврзан