Претседателот на Тунис ја продолжи суспензијата на Парламентот
- Претседателот на Тунис, Каис Саид денеска објави на Твитер дека е продолжена суспензијата на Парламентот, како и пратеничкиот имунитет

Тунис, 24 август 2021 (МИА) - Претседателот на Тунис, Каис Саид денеска објави на Твитер дека е продолжена суспензијата на Парламентот, како и пратеничкиот имунитет.
Тој наведе дека следните денови ќе се обрати до нацијата.
Саид на 25 јули презеде серија вонредни мерки, го разреши премиерот Хичем Мечичи, ја презеде неговата функција и го суспендира Парламентот на 30 дена.
Оттогаш отпушти десетици владини претставници, а неколку критичари на претседателот беа уапсени или се во домашен притвор.
Саид, поранешен професор по право, тврдеше дека мерките се во согласност со Уставот, а неговите противници ги оценија како државен удар. ми/