• понеделник, 23 декември 2024

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Ефремов со осуда за нападите кон полициските службеници

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Ефремов со осуда за нападите кон полициските службеници

Скопје, 30 ноември 2024 (MИА) - Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Мартин Ефремов реагира на како што вели „јавниот линч на полициските службеници од страна на политичарите без разлика од каде доаѓа“. 

- Секој полициски службеник ако згрешил треба да одговара, но за тоа во Министерството за внатрешни работи постои дисцплинска постапка преку која се утврдува одговорноста на полициските службеници. Ваквиот јавен линч на полициските службеници од страна на политичарите без разлика дали доаѓа од министерот или заменик министерот исто така е пречекорување на нивните овластувања и ставање над законите, колективните договори и постапките, посочува Ефремов. 

Полициските службеници, вели тој, се тие што не заслужуваат секојдневно да бидат вмешувани во разни политички конотации за своето постапување или не постапување.

-Вие сте тие што треба да бидете политичкиот штит на нападите кои доаѓаат кон нас и да не дозволувате политиката да се меша во полицијата. Полициските службеници сакаат да слушнат кога ќе добијат повисоки плати во процент како вашиот, кога ќе бидат набавени нова униформа и возила согласно правилниците и до кога ќе бидат последни во државата за привилегии, а први за осуда и критика, пишува Ефремов. ев/

ФОТО: МИА Архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан