• вторник, 24 декември 2024

Претседателот на МД „Илинден“-Тирана во Виена оствари средби со претставници на словенските малцинства во Европа 

Претседателот на МД „Илинден“-Тирана во Виена оствари средби со претставници на словенските малцинства во Европа 
Дебар, 21 ноември 2022 (МИА) - Претседателот на македонското друштво „Илинден" - Тирана, Никола Ѓурѓај на маргините на 25-от семинар на работната група на словенските малцинства оствари одвоени средби со претставници на повеќе организации.
-Имав срдечна средба со д-р Ангелика Млинар, Словенка во Австрија, новоизбраната претседателка на работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ).Таа е поранешна министерка одговорна за развој, стратешки проекти и кохезија во Словенија, поранешна европратеничка и поранешен член на Националниот совет на Австрија. Разменивме мислења за повеќе прашања, а детално ја информирав со положбата на Македонците во Албанија и проблемите со кои се соочуваме, рече Ѓурѓај за МИА.
Тој посебно ја издвојува средбата со Евгенија Нацулиду, претставничката на организација „Крсте Мисирков - Движење за промоција на македонскиот мајчин јазик" на македонското малцинство во Република Грција.
- Чувството на задоволство беше големо што ете двајца Македонци кои живеат во различни држави се сретнавме и разговаравме за нашите Македонци, како и напорите и активностите на друштвата за подобрување на нашите права, изјави тој.
Ѓурѓај, меѓу другите се сретнал и со Олга Воглауер пратеничка на Партијата на зелените во австрискиот парламент, како и со  Маринко Цулафиц, претседател на заедницата на Црногорците во Република Албанија.
Семинарот е најголемиот собир на словенските малцинства во Европа. Учествуваа  52 преставници на организации членки на АГСМ при ФУЕН од дванаесет Европски земји.
- Она што беше исклучително позитивно за Македонците во Република Албанија е фактот што имав обраќа во кое за  пошироката јавност ја презентирав положбата и проблемите што ги засегаат Македонците во Албанија и активностите на нашето  друштво, вели Ѓурѓај задоволен од учеството на овој настан.
Семинарот е најголемиот собир на словенските малцинства во Европа. Учествувале 52 претставници на организации членки на оваа група на словенските од дванаесет европски земји. вт/дма/

Остани поврзан