• четврток, 26 декември 2024

Претседателот на Литванија го повика Шолц да испрати борбени тенкови на Украина

Претседателот на Литванија го повика Шолц да испрати борбени тенкови на Украина
Вилнус, 27 април 2022 (МИА) - Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа го повика германскиот канцелар Олаф Шолц да ѝ испрати на Украина борбени тенкови „Леопард“, но и Германија да забрза со испораките на оружје за Киев. - Не сум на позицијата на канцеларот Олаф Шолц. Можам само да кажам што јас би направил да сум на негово место. Би доставил тенкови, истакна Науседа. Германија вчера ја најави својата прва испорака на тешко оружје за Украина, со цел да помогне во одбраната од рускиот напад. Како што нагласи Науседа, Германија оди во вистинска насока, но, според него, не може да застане на половина пат. - Многу е важно Украина да ја добие воената опрема што сега ѝ е потребна. Не утре или задутре, тогаш може да биде доцна, предупреди претседателот на Литванија. Бидејќи неговата земја е членка на НАТО, Науседа ја повика Алијансата „да се пренасочи од надгледување на воздушниот простор, на воздушна одбрана“. Тој смета дека украинската војна ја покажала важноста на таквата одбрана. - Со надгледување, нашите пилоти сега можат само да собираат информации околу повреда на воздушниот простор. Но, нема заповеди за соборување непријателски воени авиони во итни случаи, рече Науседа. бд/паг/      

Остани поврзан