• сабота, 23 ноември 2024

Претседателката Сиљановска Давкова го прими Бјорн Габриел, претставник на Европската инвестициска банка

Претседателката Сиљановска Давкова го прими Бјорн Габриел, претставник на Европската инвестициска банка

Скопје, 23 јули 2024 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска го примила Бјорн Габриел, претставник на Европската инвестициска банка (ЕИБ).

На средбата, соопшти кабинетот на  Сиљановска Давкова, се разговарало за севкупните активности на ЕИБ во нашата држава.

Претседателката Сиљановска Давкова оценила дека отворањето на претставништво на ЕИБ во Скопје во 2022 година ја демонстрира посветеноста за унапредување на советодавната и финансиска поддршка на групацијата, која досега има инвестирано над една милијарда евра во економскиот и социјалниот развој на македонското општество.

- Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за долгогодишната поддршка на ЕИБ преку финансирање на мали и средни претпријатија, на транспортни, енергетски и на инфраструктурни проекти и изрази уверување дека групацијата ќе продолжи да биде доверлив партнер во натамошниот развој на државата, вклучувајќи го и процесот на пристапување кон Европската Унија, се вели во соопштението. цр/нд/

Фото: Кабинет на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова

Остани поврзан