• понеделник, 23 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Претседателката Сиљановска-Давкова на „Акаба Процес Балкан III“ во Софија

Претседателката Сиљановска-Давкова на „Акаба Процес Балкан III“ во Софија

Скопје, 3 април 2025 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска и утре ќе престојува во работна посета на Бугарија каде што ќе учествува на состанок на шефови на држави и влади на „Акаба Процес Балкан III“ во Софија.

Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, посетата се реализира на покана на претседателот на Бугарија, Румен Радев, и кралот на Јордан, Абдула Втори.

-Македонската претседателка ќе говори на првата сесија од состанокот насловена „Идентификување и разбирање на заканите“. За време на посетата, предвидени се и билатерални средби на претседателката Сиљановска-Давкова со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, и со кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори, се наведува во соопштението. 

Во рамки на престојот во Софија претседателката Сиљановска-Давкова ќе ја посети и болницата „Пирогов“ каде што се лекуваат дел од повредените од пожарот во Кочани. хс/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан