• вторник, 19 ноември 2024

Претседателката на ЕЦБ со пофалби за словенечката економија

Претседателката на ЕЦБ со пофалби за словенечката економија

Љубљана, 18 октомври 2024 (МИА) - Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, во интервју за 24ur по седницата на Советот на ЕЦБ истакна дека Словенија може да биде пример за економска стабилност и иновативност.

- Словенија, иако мала, се истакнува како пример за успешна економска политика во еврозоната. Нејзиниот глас се слуша на европската сцена и брзо се прилагодува на глобалните промени, што ѝ овозможува конкурентност во динамичната европска економија, рече Лагард.

Таа го изрази своето задоволство од напредокот во намалувањето на инфлацијата и посочи дека целта е стабилна инфлација од 2 отсто.

- Нашата цел е да постигнеме стабилна стапка на инфлација од два проценти, нагласи таа и додаде дека оваа цел мора да се заснова на одржливи основи, што значи дека не смее да се постигне само на краток рок. „Стабилната инфлација е основната цел на ЕЦБ, бидејќи таа е од суштинско значење за долгорочна економска стабилност, додава Лагард.

И покрај нејзината големина, Словенија се издвојува по своите економски перформанси во споредба со другите членки на еврозоната. Лагард особено ја пофали словенечката економија која веќе извесно време бележи повисока стапка на економски раст од просекот на еврозоната. Исто така, Словенија има една од најниските стапки на инфлација и невработеност, што и овозможува да биде постабилна во споредба со другите европски економии. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан