• среда, 27 ноември 2024

Претседателката на албанскиот парламент апелира да продолжи дијалогот за нормализација на односите Косово-Србија

Претседателката на албанскиот парламент апелира да продолжи дијалогот за нормализација на односите Косово-Србија

Тирана, 26 мај 2023 (МИА) - Претседателката на албанскиот парламент Линдита Никола во реакцијата за денешните случувања во северот на Косово упати апел  да продолжи дијалогот за нормализација на односите Косово-Србија.

Оценува дека тензијата во ситуацијата на северот на Косово не е во прилог  за унапредување на процесот на нормализација на односите меѓу двете земји.

- Косово и Србија, со поддршка на нашите пријатели и стратешки партнери, САД и ЕУ, влегоа во дијалог за нормализација на односите и мора да го продолжат овој дијалог.
Ова е единствениот пат кон меѓусебно признавање, развој, демократија, мир и соработка во регионот, напиша претседателката на парламент Линдита Никола.

Албанските медиуми  отстапуваат простор и во континуитет опширно информираат за состојбата.  

-Косовската полиција употреби солзавец за да растера дел од српските граѓани кои се собраа пред општинските згради на северот на Косово, во обид да ги спречат новите албански градоначалници да влезат во нивните канцеларии. Дојде до судир со насобрани граѓани во кој се повредени повеќе полицајци. Српската армија по наредба на претседателот Вучиќ е на границата со Косово, е главниот акцент.

Исто така информираат и за осудата на меѓународните претставници и САД за употребата на сила од страна на полицијата.

Претходно реагираше и премиерот Еди Рама и повика да престане насилството
Албанскиот премиер Еди Рама преку објава на Твитер реагираше во врска со ситуацијата во Косово и повика на прекин на насилството, наведувајќи дека тоа не е потребно во време кога целиот свет го стави во центарот на вниманието дијалогот, нормализацијата и взаемното признавање меѓу двете земји. вт/
фото Сајт на Парламентот

Остани поврзан