Претрес во Ново Село, пронајдена дрога
- Во струмичко Ново Село на 25.11.2024 во 23.20 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Љ.(26) од село Ново Село.
Скопје, 27 ноември 2024 (МИА) - Во струмичко Ново Село на 25.11.2024 во 23.20 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Љ.(26) од село Ново Село.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, како што соопштија денеска од МВР, биле пронајдени марихуана и една дигитална вага.
- Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против А.Љ. ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението. цр/ев/
Фото: МИА архива