Претрес во Велешта, приведен дилер
- Полициски службеници од Полициската станица Струга вчера го лишиле од слобода Б.В.(20) од струшко Велешта.

Скопје, 28 април 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Струга вчера го лишиле од слобода Б.В.(20) од струшко Велешта.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки со остатоци од марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/ац/
Фото: МИА