• вторник, 27 август 2024

Претрес во Битола, запленет хероин

Претрес во Битола, запленет хероин
Скопје, 23 март 2021 (МИА) - Полицијата пронашла 26 пакувања со хероин, со тежина од околу 50 грама, во домот на С.С. (38) во Битола, информираат од МВР. -Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола денеска по претходно издадена судска наредба од Основен суд Битола, извршија претрес во дом на С.С. (38) во Битола, соопштуваат од МВР. При претресот биле пронајдени и одземени 26 пакувања со хероин со тежина од околу 50 грама, пари и мобилен телефон. -По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство, информираат од министерството.ир/лв/

Остани поврзан