• вторник, 19 август 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Претреси во Велешко, пронајдени оружје и муниција, лишени од слобода три лица

Претреси во Велешко, пронајдени оружје и муниција, лишени од слобода три лица

Скопје, 19 мај 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес вчера во 09.00 часот,  ги лишиле од слобода Љ.Д.(60) и Б.Ц.(61) двајцата од село Согле, општина Чашка и С.Р.(72) од село Теово, општина Чашка.

При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, соопштија денеска од МВР, кај Љ.Д. се пронајдени и одземени ловечка пушка и два патрони калибар 12, кај Б.Ц. се пронајдени и одземени ловечка пушка и 17 патрони, додека кај С.Р. е пронајден и одземен еден пиштол со рамка, револвер и пушка, кои ги поседувале без соодветна документација.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. цр/са/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан