• понеделник, 22 јули 2024

Претпладне по котлините магливо, во текот на денот сончево со мала локална облачност

Претпладне по котлините магливо, во текот на денот сончево со мала локална облачност
Скопје, 10 ноември 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 3, а дневната од 14 до 20 степени. Во Скопје, во утринските и во претпладневните часови магливо, а околу пладне и попладне сончево. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 14 степени. Во следните денови ќе преовладува стабилно и суво време со слаб ветер што ќе услови појава на магла и ниска облачност по одделни котлини, особено во ноќните и претпладневните часови.

Остани поврзан